Владата ќе им ги прости каматите на долговите од недомаќинското работење на градоначалниците и директорите
Новиот закон кој предвидува отпишување на каматите на долговите кои што ги направиле општинските јавни претпријатија до 2017 година денеска го помина првиот филтер во Собранието.
Новиот закон кој предвидува отпишување на каматите на долговите кои што ги направиле општинските јавни претпријатија до 2017 година денеска го помина првиот филтер во Собранието. Опозицијата реагираше на ваквото законско решение, посебно што тоа пред пратениците беше ставено по скратена постапка.
На списокот на неплаќачи што заклучно со декември 2020 година го објави Министерството за финансии, најбројни се јавните претпријатија основани од општините. Скопски водовод должи 5,2 милиони евра. Чистота и зеленило од Куманово има неплатен долг од 4,2 милиони евра, а исто толку должи и тетовски комуналец.
Нема детали кому се му должат јавните претпријатија. Ниту, пак, во предлог законот од Министерството за правда стои колку пари ќе бидат избришани како долг.
„Се очекува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено долговите преземени од страна на општините како нивни основачи кои го доведуваат во особено отежнати услови нивното нормално финансиско работење, стои во предлог законото.“
Пред само две години државата им прости на општините 51 отсто од вкупните долгови или им даде 50 милиони евра од буџетот за да си ги платат долговите. Но локалните самоуправи и понатаму трупаат долгови.
Во септември 2020 година дури 70 од вкупно 80 општини во земјава пријавиле доспеани, а неплатени обврски по различни основи, а нивниот вкупен долг надомува 63 милиони евра.https://www.24.mk/details/vladata-kje-im-gi-prosti-kamatite-na-dolgovite-od-nedomakjinskoto-rabotenje-na-gradonachalnicite-i-direktorite