fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Големи гужви пред откупниот пунк на Сокотаб во Прилеп, тутунари чекаат над 8 часа

Тутунари обвинуваат дека за на вага се влегува преку ред

Големи гужви се од ноќеска пред откупниот пункт на Сокотаб во Прилеп каде тутунари чекаат и по 8 часа за откуп.

Тутунари од Прилеп се жалат дека од 3 часот рано изутринава се пред откупниот пункт и се уште не можат да го предадат тутунот, зошто како што велат и предавањето се врши со „пријатели“ па селективно се пропуштаа  тутунарите.

-Чекаме повеќе од 8 часа, и кога ќе дојдиме на ред се некој се пропушта пред нас. За се се фаќаат пријатели, се жали тутунар за Зелена берза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close