fbpx
ВестиМакедонија

Васко Ковачевски: До крајот на годината треба да биде познат изведувачот на топловодот до Битола

Васко Ковачевски, директорот на Електрани на Северна Македонија, рече дека во моментов е во тек постапката за пронаоѓање на изведувач кој ќе го изгради топловодот од РЕК Битола до градот. Со истиот, Битола како град со неговата околина треба да добие парно-греење.

– Се надевам дека изведувачот на топловодот ќе биде познат до крајот на годината. Во моментов тече постапката, додека Битола е еден од најзагадените градови во земјата, рече Ковачевски во панел-дискусијата на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“

Отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола ќе се користи за централниот топлински систем, чија изградба се планира веќе подолго време.

Освен домаќинствата за Битола предвидено е во мрежата да се приклучат и јавните објекти од општината.https://faktor.mk/vasko-kovachevski-do-krajot-na-godinata-treba-da-bide-poznat-izveduvachot-na-toplovodot-do-bitola

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close