Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, само на еден патен правец има забрана за тешки товарни возила
На патниот правец Тетово - Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има во Крива Паланка.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.