fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Напредни лозари“ со апел до МЗШВ да ги чуе нивните проблеми, барања и предлози

Лозарите да добиваат информации за откупната цена на винско грозје по сорти најкасно до крај на Јуни месец во тековната година. Ако цените се ниски на нашиот пазар да се бара алтернативен извоз на грозјето.

Управниот  Одбор на Регионалното здружение Напредни Лозари од Кавадарци, бара  од  Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија, да врши достава на податоци кои се поврзани со областа на лозарството во Р.М и да ги разгледа нашите барања и предлози за подобрување на условите за одгледување на винова лоза.

  1. Лозарите немаат доволно информации за да можат да планираат за во иднина. Да знаат колку грозје од одредена сорта има во РМ и колку се бара од винариите. Здружението да добива податоци за планирани количини за преработка на винско грозје по сорти во тековната година од винариите и трговците .
  2. Лозарите да добиваат информации за откупната цена на винско грозје по сорти најкасно до крај на Јуни месец во тековната година. Ако цените се ниски на нашиот пазар да се бара алтернативен извоз на грозјето.
  3. Персоналниот данок на регистрираните Индивидуални земјоделци да се враќа најкасно до Јуни наредната година.
  4. Редовните субвенции за одржување на лозовите насади да се исплатат најкасно до Св.Трифун (14ти Февруари),исто и дополнителните субвенции на ИЗ да се исплаќаат исто со редовните.Сите заостанати неисплатени субвенции да се исплатат во најбрз можен рок.
  5. Сите откупни белешки на винариите што откупуваа со ковид мерката што се испод 4денари да се корегираат и исплатат.
  6. Лозарите се соочуваат со ниски цени на грозјето кое доведува до неекономично работење. Цените на грозјто се ниски од две причини. Првата причина е заради непазарното работење и затвореноста на пазарот во РМ. Винариите во РМ се договараат за откупната цена на грозјето и цените договорно ги објавуваат во последен момент кога лозарите веќе мораат да го берат грозјето. Грозјето не стои на нивите и пропаѓа и затоа лозарите мораат да го берат и предадат во винариите. Државата сака да грозјето се преработи дома зашто од тоа има интерес и субвенционирањето го врзува со предадено грозје во домашните винарии. Извозот на грозје е во неповолна положба во однос на домашните винарии. Домашните винарии  ја злоупотребуваат подршката на државата а сето тоа оди на штета на лозарите. Доказ за ова е тоа што цената на грозјето во соседните држави е двојно повисока и тоа за послаб квалитет. Вториот проблем е кога во некои години се јавува вишок на грозје. Во години кога има поголеми количини на произведено грозје отколку побарувањата на винариите, државата да изврши интервентен откуп на вишокот  грозје и да се произведат количини на дестилат во некои од слободните капацитети во Р.М. Да го објасниме нашето размислување:

Кога има вишок на грозје доаѓа до намалување на цената на грозјето. Тоа доведува до неекономично работење на лозарите и тие работат со загуба. Заради ова нивните долгогодишни насади во кои многу инвестирале се осудени на пропаст и затоа лозарите се револтирани и исплашени за својата егзистенција. За да нема вишок на грозје треба вишокот на грозје да се преработи во дестилат. Винариите не се заинтересирани за проблемот на вишок грозје зашто тие од вишокот грозје немаат штета туку корис поради тоа што паѓа цената на грозјето. Проблемот им тежи на лозарите но тие се немоќни да го решат. Затоа државата треба да се зафати со овој проблем на вишок грозје. Во РМ има капацитети кои не работат и се во стечај  и се на продажба од банките. Не работат винариите Кокино-Куманово и Џумајлија-Велес со капацитет од 32.000.000 кг. Во годините кога има вишок на грозје државата да го откупе вишокот. Државата да го откупи вишокот на грозје но не да им направи конкуренција на винариите во делот на наливно вино туку тој вишок да го направи дестилат. Државата производството на дестилат нема да ја чини многу, а со продажбата ќе оствари и заработувачка. Дестилатот не е како виното со рок на траење и скапо одржување, има неограничен рок и лесно се чува и продава.

  1. Исплата на грозјето. Лозарите имаат голем проблем со ненавремената и нередовна исплата на предаденото грозје. Заради ненавремената исплата честопати се во финансиска криза. Не се во можност да набават репроматеријали за наредното производство, а и за издржување на своето семејство. Лозарите ги финансираат богатите винарии предавајќи им грозје во кое вложиле пари и труд, а за тоа не добиваат веднаш пари. Неретко доаѓа до неисплата на предаденото грозје при што лозарите целосно финансиски пропаѓаат и страдаат нивните фамилии иако напорно работеле и инвестирале во лозовите насади. За надминување на ппоблемот предлагаме:

Формирање на фонд само за исплата на грозје. Во чл. 55 во Уставот на РМ стои пазарно договарање. Но има проблем во договарањето помеѓу винариите и лозарите. Винариите се многу моќни и ги наметнуваат нивните интереси секогаш меѓусебно однапред договорени на штета на  лозарите. Затоа државата треба да го регулира ова. Паметна издржлива мерка е формирање фонд за исплата на грозје. Тоа не значи формирање на нова институција зашто фондот нема да биде институција. Институцијата ја имаме тоа е Македонската Банка за Подршка и Развој на РМ. МБПР треба да го менаџира фондот. Фондот би требало да биде околу 30 милиони евра. Зошто 30 милиони евра? Во РМ има околу 150 милиони кг грозје по цена од 0,20 Е/кг изнесува околу 30 милиони евра. Овие 30 милиони евра не се трошат и се на располагање како гаранција во иднина. Државата треба да наложи, ако винарската визба сака да откупува грозје мора да склучи договор со фондот. Винариите склучуваат договор со фондот,а фондот им издава лиценца за откуп на грозје, но во истовреме винариите треба да остават гаранција (хипотека) во фондот. Кога винарската визба ќе откупи грозје, лозарот добива кантарна белешка во која се содржи предадени количини грозје, сорта и вкупно за исплата. Со оваа белешка лозарот оди во својата банка каде има трансакциона сметка и веднаш да ги подигне своите средства. Банката треба да има склучено договор со фондот и во тој случај белешката станува хартија од вредност. Банката ги зема белешките што се исплатени се јавува во фондот и кажува колку пари да пуште на банката. Така се врши исплата на грозјето истиот ден кога е предадено. Со оваа банките имаат обрт на средства и ги привлекуваат клиентите. Лозарите ако ги подигнат средствата истите ги пуштаат во оптек, а од тоа имаат сите корист. На крајот фондот ги наплаќа побарувањата од винариите. Со оваа мерка ќе има развој во лозарството и решавање на проблемот со ненавременото плаќање на грозјето. За ова да се оствари треба да се смени статутот на МБПР што не би требало да е проблем.

Со решавањето на овие проблеми лозарството ќе има иднина и развој со задоволни лозари.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close