fbpx
ВестиМакедонија

Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст

Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст во две насоки и тоа развој на средина за поддршка за женско претприемништво што ќе им помогне на жените да започнат и да ги зголемат своите деловни активности, како и да се справат со нивните повеќекратни улоги, како и поддршка на здруженијата и граѓанските организации преку подобрување на застапувањето и услугите за женско претприемништво.

Националната платформа за женско претпримништво, финансиран од ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) на Европската унија за Граѓанско општество и медиуми, ќе ги интензивира дијалогот, структурната соработка и довербата помеѓу женското претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја, соопштија од Сојузот на стопански комори.

Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст во две насоки и тоа развој на средина за поддршка за женско претприемништво што ќе им помогне на жените да започнат и да ги зголемат своите деловни активности, како и да се справат со нивните повеќекратни улоги, како и поддршка на здруженијата и граѓанските организации преку подобрување на застапувањето и услугите за женско претприемништво.

Главната цел на платформата е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво со спојување во единствена мрежа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Исполнувањето на главната цел ќе придонесе за позиционирање на националната платформа и ќе резултира во подобри политики за женско претприемништво и неговиот удел во создавањето работни места, со што влијае врз зајакнување на економскиот развој.

Платформата ќе биде раководена од конзорциум од четири члена, предводена од Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери, се веели во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close