fbpx
ВестиМакедонија

Јавното претпријатие за државни патишта годива ќе инвестира 16,010 милијарди денари

По основ на изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта и сопствено учество во инвестиции од странски кредити ЈПДП проектира 1.642.000.000 денари.

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие

Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари.

По основ на изградба на патишта, осветлување, сигнализација, мостови, тунели, свлечишта и сопствено учество во инвестиции од странски кредити ЈПДП проектира 1.642.000.000 денари.

За изградба на патишта се планирани 1.075.000.000 денари, за осветлување и сигнализација 10.000.000, а за свлечишта и рехабилитација на мостови и тунели и други работи 235.000.000. Сопственото учество во инвестиции со странски кредити  на ЈПДП изнесува 322.000.000 денари, за инвестициско одржување на патишта  треба да се потрошат 726.000.000, за експропријација 300.000.000, за проектирање и надзор 618.000.000, за опрема и софтвер 6.000.000, а за набавка на механизација за одржување по Одлука на Влада се проектирани 180.000.000 денари.

За отплата на кредити и главница од земени кредити ЈПДП  годинава има трошоци од 4.550.000.000 денари.

Од странски кредити ЈПДП планира инвестиции во вредност од 12.538.500.000. Од тие средства 754 милиони денари се кредити од Светска Банка за реализација на проект за унапредување и развој на патишта. Кредитите од ЕБРД изнесуваат 8.784.500.000. Тука се вклучени проектот за електронскиот систем за наплата на патарини на Коридор 10  во износ од 123 милиони денари, проектот за изградба на национални патишта 4.369.500.000  денари, проектот за Штип Радовиш изградба на експресен пат 1.342.000.000  денари, за реконструкција и рехабилитација на делница Крива Паланка-Деве Баир (граница со Р.Бугарија) 400.000.000, за патарина на Коридор 8.600.000.000  како и за патот Букојчани – Кичево во износ од 900.000.000  декари и за Скопје – Блаце  во износ од 1.050.000.000  денари. Од кредитот од Ексим Банка  ЈДП ќе располага со три милијарди денари кои се наменети за изградба на автопат Кичево – Охрид.

Во 2021 година, според објавената годишна програма, е планирано да се остварат приходи во вкупна вредност од 10.293.000.000 денари.

Се планира зголемување на приходот од акцизата во однос на минатата година заради очекуваното зголемување на процентот од делот од акцизата кој се трансферира на ЈП за државни патишта, поради што приходот од делот од акцизата од деривати од нафта за 2021 година се планира да изнесува 4.650.000.000 денари.

Од надоместот за употреба на јавен пат, негов дел или објектот на патот (патарина), се очекува приход  од 3.550.000.000 денари. Вкупниот приход по тој основ е пресметан врз база на остварената фреквенција на сообраќајот по видови и категории на возила во 2020 година и остварените приходи од претходните години и согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на патарина.https://nezavisen.mk/investiciskata-programa-na-jpdp-za-godinava-iznesuva-16010-milijardi-denari/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close