fbpx
Вести

Диви свињи пустошат ниви во Дебарско

Во неколку дебарски погранични села, дивеч ги пустоши земјоделските посеви. Како што велат жители од овие села, станува збор за глутница диви свињи и мечка.

Мечката е заштитена, а останатиот дивеч не можеме да го застрелуваме зашто не е ловна сезона. Доколку не се преземе нешто, целиот труд ќе ни биде бадијала, вели Дилавер Дема од селото Коњаре.

Тој додава дека сопственици на земјоделски посеви, со пченка и градинарски култури, во атарите на ова, како и селата Спас, Селокуќи, Шулан, кои се во близина на македонско-албанската граница, имале средба со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и со началникот на граничната полиција, Регионален центар Запад, Џелал Љата.

На средбата надлежните ветиле соодветни мерки за заштита од дивечот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close