fbpx
ВестиМакедонија

Плати, а не кредити бараат бизнисите

Предлагаат државата да ги покрие неодработените часови на работниците кои мора да се со скратено работно време.

Ни треба помош за плати, а не кредити. Дел од бизнис заедницата со остри реакции по вчерашната изјава на вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши дека во новиот пакет, финансиската поддршка за плати може да се замени со бескаматни кредити. Според туристичките работници за овие кредити голем дел од бизнисите нема да може да аплицираат затоа што условите не се поволни и ќе останат без поддршка во време кога имаат натрупано загуби и не се знае  дали ќе опстојат.

И од организацијата на работодавачи сметаат дека бескаматните кредити не се добра опција.

Предлагаат државата да ги покрие неодработените часови на работнците кои мора да се со скратено работно време.

Од владата велат дека консултациите за новиот пакет се уште траат. Уверуваат дека помошта за плати ќе биде креирана според реалните потреби.

На 3 до 4 месеци носиме мерки кои проактивно им помагаат на стопанството и граѓаните.

Финансиска поддршка за поддршка на плати ќе има и во петтиот пакет на мерки но веројатно со изменет модалитет, според реалните потреби на движење на економијата и нејзините показатели и секако спас на работните мести, се вели во дописот од владата

Новиот пакет ќе тежи околу 50 милиони евра. Се очекува до крајот на месецов мерките да им бидат на располагање на фирмите.https://sitel.com.mk/plati-ne-krediti-baraat-biznisite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close