Скокнаа цените на житариците, оризот, маслото, шеќерот
Цената на пченката скокнала 11.2 отсто и сега е за 42.3 отсто поскапа споредено со јануари 2020 година
Поскапува храната во светски рамки. Најмногу поскапеле житариците, растителното масло и шеќерот.
Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) oбјави дека цените на основните прехранбени производи во светот растеле осум месеци по ред заклучно со јануари 2021 година.
Индексот на житариците растел 7.1 отсто месечно. Цената на пченката скокнала 11.2 отсто и сега е за 42.3 отсто поскапа споредено со јануари 2020 година „поради недоволните испораки и огромната побарувачка од Кина, како и намаленото производство во САД, и привременото запирање на извоз на пченка од Аргентина”. Цената на пченицата пак пораснала 6.8 отсто, поради зголемената глобална побарувачка и очекувањата за намалени продажби од страна на Русија, кога се очекува нејзиниот извоз на пченица да се удвои во март 2021 година. Индексот на цените на растителното масло во јануари пораснал 5.8 отсто, највисоко споредено со мај 2012 година, додека шеќерот поскапел 8.1 отсто, а млечните производи 1.6 отсто, а месото 1 отсто. Извештајот наведува дека огромната побарувачка од купувачите во Азија и Африка ја зголемила цената на оризот.
https://faktor.mk/hranata-poskapuva-skoknaa-cenite-na-zitaricite-orizot-masloto-shekjerot