Организацијата на работодавачи бара построги критериуми за добивање државна помош
Да се воведат построги и посоодветни критериуми за претпријатијата кои ќе конкурираат за државна помош
Да се воведат построги и посоодветни критериуми за претпријатијата кои ќе конкурираат за државна помош, бара Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и апелира петтиот пакет неодложно да се донесе, да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност, како и да продолжи кофинансирањето на инвестициските активности на фирмите.
Најновото истражување на ОРМ спроведено со поддршка на ЕУ и Меѓународната организација на трудот, покажува дека 61 отсто од вкупно 246 претпријатија изразиле релативно незадоволство од видот и големината на владината подршка за справувањето со негативните ефекти од КОВИД-19.
Најценета мерка, како и во претходната анкета меѓу членките на ОРМ, е субвенцијата на плата. Вкупно 46 проценти од оние кои се изјасниле дека ќе конкурираат и за петтиот антикризен пакет, кажале дека ќе се пријават за субвенционирање на платите, 16 отсто ќе конкурираат за грантови за посебни индустрии, додека 14 отсто за одложување на плаќањето на кредитите.
-Ако се субвенционираа изгубените работни часови поради платеното отсуство, болест, самоизолација, намален обем на работа, во периодот јули – декември 2020 оваа мерка ќе чинеше околу 19,7 милиони евра месечно, наспроти исплатените 28 милиони евра. Во тој случај ќе беа опфатени само вработените кои не одеа на работа, околу 84. 000, наспроти 117.000 вработени кои добиваа помош со субвенционирањето на платите, наведува ОРМ.https://nezavisen.mk/organizacijata-na-rabotodavachi-bara-postrogi-kriteriumi-za-dobivanje-drzhavna-pomosh/