ЛАКТАЛИС ве советува
Расата Холштајн-најголемо производство на млеко во светот
Холштајн
Историја
Расата Холштајн потекнува од Европа. Најголемиот историски развој на оваа раса се случил пред околу 2000 години во денешна Холандија или, поточно, во двете северни провинции Северна Холандија и Фризија, кои лежат од двете страни на Зуидер Зи. Оригиналните сточни животни биле црните животни и белите животни на Батавијците и Фризијците, мигранти од Европа, кои се населиле во регионот на делтата на Рајна пред околу 2000 години. Долги години, Холштајн се одгледувале и строго се контролирале за да се добијат животни кои најдобро ќе ја искористат тревата, најобилниот ресурс во областа. Вкрстувањето на овие животни еволуирало во ефикасна, високопродуктивна црно-бела млечна крава.
Карактеристики
Расата Холштајн најбрзо се препознава по карактеристичната боја и извонредното производство на млеко. Холштајн се големи говеда со црно-бела или црвено-бела боја. Здраво теле Холштајн тежи 40 кг или повеќе при раѓање. Зрела крава Холштајн тежи околу 670 кг и е висока 148цм, мерено на рамото.
Јуниците Холштајн влегуваат во полен циклус на 15-месечна возраст, кога тежат околу 360 кг. Пожелно е да се осеменуваат јуница Холштајн за прв пат помеѓу 24 и 27 месечна возраст. Бременоста на Холштајн е приближно девет месеци. Додека некои раси на крави можат да живеат значително подолго, нормалниот продуктивен живот на Холштајн е шест години.
Интересот за млечни говеда е во пораст , поготово за крави без рогови. Кај сите раси има единки без рогови (природно). Некои одгледувачи на црвено-белата крава покажуваат посебен интерес заодгледување на говеда без рогови, поради слободниот начин на држење на кравите.
Статистика
Кравите Холштајн имаат најголемо производство на млеко во светот. Тие имаат висока генетска способност за производство на млеко, која нема биолошки плафон. Генетските подобрувања од 1 до 2 проценти годишно се целосно реални.
Тие се приспособуваат на сите системи за управување и искористување. Можат да се одгледуваат во штала, но подеднакво се погодни за пасење. Можат да се чуваат на пасишта или во мешани фармерски системи со пасење или да бидат во штала во текот на целата година. Не е важно и дали тие се чуваат во низинска или планинска област. Не само што расата Холштајн е погодна за фармерски системи со ниски трошоци, туку исто така тие се совршено соодветни како крави за млечна индустрија во интензивното одгледување, за што е потребно чување на кравите во штали.
Сепак, кравите Холштајн, во споредба со локалните раси, не се толку отпорни на топлина и болести кога се во тешки агро-еколошки подрачја. Нивната реакција на таквите услови е намален капацитет за производство. Искуството покажа дека тие имаат дивергентни способности за адаптација, и затоа треба да се посвети внимание од техничка гледна точка при размножувањето. Во случај на вкрстено размножување со локалните раци , телињата покажуваат поголема толеранција на топлина и се постигнуваат поголеми бројки за производство отколку во случај на вкрстено размножување со други култивирани раси.
Кравите Холштајн раѓаат енергични телиња кои се одликуваат со брз раст, рана зрелост и лесна грижа. Ако се одгелдуваат правилно, тие немаат проблеми со плодноста.
Тие се питоми, лесни за ракување и можат да се чуваат во штала без никакви проблеми. Исто така се отпорни на стрес, покажуваат менталитет на стадо и не се индивидуалистички животни.
Холштајн не е само млечна раса. Животното, исто така, придонесува за снабдување со месо ширум светот, има висок процент на раст во областа на гоење и произведува месо со фини влакна. Во индустриите насочени исклучиво кон производство на млеко, тие се вкрстуваат со раси што се одгледуваат за месо за поквалитетно телешко месо.
Високопроизводното молзење на кравите Холштајн двапати на ден произведува до 30.560 кг млеко за 365 дена. Високото производство, поголемиот приход во споредба со трошоците за добиточна храна, извонредната генетика и прилагодливост кон широк спектар на услови на животната средина – ваквите убедливи докази за генетска супериорност создадоа активен извозен пазар за Холштајн. Во моментов, живи женски и машки единки од Холштајн и замрзнати ембриони и семе се извезуваат во повеќе од 50 земји и екстензивно се користат за подобрување на странските залихи на храна и приходите на производителите на млечни производи.
Дистрибуција
Расата Холштајн сега може да се најде на секој континент и скоро во секоја земја.