fbpx
Вести

ЕУ ќе подели 150 милиони евра, по 14 евроценти за секој литар непроизведено млеко

Новата европска програма за помош на млекопроизводителите е во висина од 150 милиони евра, со што тие ќе бидат поттикнати да го намалат производството, а ќе почне да се применува во октомври, јавија медиумите повикувајќи се на информации на АФП.

eu kje podeli 150 milioni evra po 14 evrocenti za sekoj litar neproizvedeno mleko

 

ЕУ планира да ги распредели овие средства во период од три месеци – од октомври до декември, прецизира извор од Европската комисија.

Овие стимулации предвидуваат да се исплаќаат субвенции од 14 евроценти за литар непроизведено млеко.

За споредба, француските производители изјавија дека цена од 30 евроценти за литар произведено млеко би дозволила да бидат покриени трошоците.

Заинтересираните производители би можеле да побараат компензација за минимална количина од 1.500 килограми произведено млеко, а помошта ќе биде ограничена до 50 проценти од минималното количество дадено млеко во однос на истиот период претходната година.

Земјите-членки ќе треба да ги соберат молбите за помош и да вршат контрола. Тие ќе треба и да одлучат дали овие барања треба да бидат претставувани од признати организации на производители или од задруги.

Доделувањето на овие 150 милиони евра беше најавено на состанокот на министрите за земјоделство на 18 јули во Брисел во рамките на заедничкиот план за поддршка на земјоделскиот сектор, кој преживува криза, а со кој се предвидува да бидат распределени 500 милиони евра.

Останатите 350 милиони евра се распределени како национални пакети кои земјите-членки ќе можат да трошат до 30 септември 2017 година, дополнува АФП.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close