fbpx
ВестиМакедонија

Мерките за подобрување на вработеноста не го спречуваат одливот на млад кадар

Висока стапка на невработеност кај младите лица

Сѐ поевидентна е емиграцијата на висококвалификувана работна сила позната како „бреин дрејн“ или „одлив на мозоци“, односно недостиг на определени профили на кадри што најчесто емигрираат од државата во поразвиените држави како медицински кадар, инженери, ИТ-експерти, стручни лица и научници, студенти од техничките и природните науки, е најважната констатација од најновиот Извештај на Државниот завод за ревизија, кој го опфаќа периодот од 2017 до 2020 година.

 

Ревизорите констатирале дека владините документи и активности се насочени кон подобрување на вработеноста, но тие не се доволно ефективни за обезбедување вработување и вештини во согласност со барањата на пазарот на трудот и надминување на трендот од континуиран одлив на кадар од државата. Ваквата констатација се наметнува поради недореченостите во законската регулатива, делумната имплементација на стратешките и плански документи; преземените активности за подобрување на усогласеноста на вештините со барањата на пазарот на трудот кои не се остварени согласно утврдените цели и динамика; недостигот на доволно координиран и системски пристап за креирање на политики и следење на процесот на имплементација на предвидените цели и активности; недостигот од човечки ресурси на АВРСМ и потреба од изнаоѓање на дополнителни извори на финансирање, како и отсуството на редовна евалуација на ефикасноста и ефективноста на активните програми и мерки за вработување.

 

Висока стапка на невработеност кај младите лица

Високата стапка на невработеност кај младите лица (од 39,2 отсто во 2017 година, 37 отсто во 2018 година и 30,5 отсто во 2019 година) наметнува потреба од преземање мерки кои имаат за цел подобрување на нивната состојба на пазарот на трудот, пред сѐ преку олеснување на преминот од образование кон вработување. За справување со предизвиците со кои се соочуваат младите лица и нивната недоволна вработеност, Владата на РСМ во 2018 година предвидува реализација на мерка насловена како Гаранција за млади (ГМ), потсетуваат ревизорите.https://www.slobodenpecat.mk/merkite-za-podobruvane-na-vrabotenosta-ne-go-sprechuvaat-odlivot-na-mlad-kadar/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close