fbpx
ВестиМакедонија

РЕК Битола купи сопствена механизација, трошоците ќе се намалат за 30 отсто

РЕК Битола потпиша 16 договори со пет фирми за набавка на 36 машини и камиони,  сопствена опрема за потребите на рудниците за ископ на јаглен за непречено производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,080 милијарди денари или 17,55 милиони евра.

РЕК Битола потпиша 16 договори со пет фирми за набавка на 36 машини и камиони,  сопствена опрема за потребите на рудниците за ископ на јаглен за непречено производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,080 милијарди денари или 17,55 милиони евра.

Набавката на сопствената механизација ќе ги намали трошоците за ископ на јаглен за 30 проценти, информираа премиерот Зоран Заев и раководството на ЕСМ и на РЕК Битола.

-РЕК склучи договор со економски оператори за набавка на опрема за непречено производство на електрична енергија. Притоа, од аспект на вкупните трошоци за помошна механизација, заштедата треба да биде околу 30 проценти, рече премиерот Зоран Заев.

Покрај набавката за која се склучија договорите, ќе има и уште една набавка, планирана во следната година, во вредност од 26 милиони евра за таканаречена циклична механизација за ископ на јаглен.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека од објавените 47 парчиња механизација се набавуваат 36, а останатите, поради несоодветни понуди, ќе се објават повторно и многу брзо ќе бидат комплетирани.

Предмет на набавката, како што информира директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски се багери, булдожери, камиони, автодигалки, цистерни, грејдери, утоварувачи, ровокопачи, а квалитетот беше основниот критериум за нивна набавка.

-Механизацијата е од реномирани и докажани производители како Волво, Коматсу, Рено, Пелаз и други кои со квалитетот што го нудат гарантираат и квалитет во извршувањето на работата. Повеќе од двојно го намаливме износот за набавка на двојно поголем број машини од тендерот распишан во јули 2017 година. Со договорите кои ги потпишавме РЕК Битола ќе задоволи околу 30 проценти од потребите за помошна механизација со што значително ќе се намалат вкупните трошоци за ангажман на градежните машини кои работат во комбинатот, рече Ќурчиевски.

Тој изрази надеж дека до крајот на годината комплетно ќе биде завршена постапката за набавка на сопствена помошна механизација и ќе се купат и оние машини за кои на последниот оглас  имаше несоодветни понуди од економските оператори.

-Заштедите ќе генерираат средства кои комбинатот планира да ги насочи во проекти согласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Нашите приоритети во следните неколку години се еколошки прифатливо производство, европски стандарди во производство на електрична енергија и заштита на животната средина, потенцира Ќурчиевски.

Набавката, додаде, освен економска има и социјална димензија, бидејќи машините ќе ги управуваат вработени во РЕК Битола, што, како што рече, ќе значи отворање на околу 150 нови работни места.

-Во текот на четириесетте години работа на Комбинатот немало ваков обем на набавка на механизација. Од 2008 година до денеска беа набавени само неколку машини за потребите на рудникот Брод-Гнеотино. Токму затоа РЕК Битола во својата работа се потпираше на помошна механизација од надворешни приватни фирми. За нивните услуги РЕК Битола во периодот од 2006 година до 2020 година исплати над 120 милиони евра, појасни Ќурчиевски.

А.Б

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close