fbpx
Агро бизнисВестиВиноВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Станушина – Винскиот свет на Македонија од пред еден милениум

Автохтоната сорта Станушина ја нуди можноста за уникатна приказна за вкусот на традицијата на Тиквешкото поднебје од пред еден милениум.

Во винскиот свет Македонија има нешто што го нема никаде, тоа е автохтоната сорта Станушина која ја има само во Тиквешијата.

Македонското лозаро-винарство има нешто што го нема никаде во светот, а тоа е сортата на грозје Станушина која од памтивек ја има само на овие простори и се уште ја има, иако на многу мали лозови површини, но сепак доволно за да се прават вина кои го имаат вкусот на тиквешката традиција. Оваа сорта на грозје се аклиматизира на ова поднебје до таа мерка што е една од најотпорните на суша, на летните горештини кои станаа се по проблематични за другите лозови сорти, исклучително е отпорна и на болести и штетници што ја прави идеална сорта за ова виногорје.

Дека е ова така се покажа токму минатата есен кога сите лозари имаа проблеми со приносот и квалитетот на грозјето заради обилните дождови кои паднаа во август 2019, но не и производителите кои одгледуваат Станушина. Тие добија и годинава одлична суровина за производство на квалитетно вино. За се промовира оваа сорта и нејзиното огромно значење и да се врати интересот кај лозарите да ја одгледуваат и од неа да се прават вина кои на странските посетители, па и на домашните ќе им понудат вкус кој го нема никаде во светот здружението за негување на винската култура и вински туризам „Винотек“ од Кавадарци последните години активно работи на нејзина промоција.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

-Веќе трета година по ред во рамки на дегустациите и оценувањата на вината кои се прават по повод прославата на големиот лозарски празник „Свети Трифун“, ние покрај бели, розе и црвени вина имаме воведено посебна категорија за оценување за вината од автохтоната сорта Станушина. На овој начин тие не се натпреваруваат со другите црвени или розе вина туку нивното оценување и натпревар е помеѓу винарите кои произведуваат вина од оваа сорта како мотив да се промовира и да се заинтересираат уште повеќе мали винарници да го вратат овој бренд на трпезите, рече Панче Арсовски од здружението „Винотек“ од Кавадарци.

-Станушина е наша автохтона сорта на грозје. Јас се сеќавам од дете  на нашето лозје  уште пред 60 години татко ми имаше прачки со Станушина. Многу е отпорна на суша и болести. Дури и лани кога сите имаа проблеми со дождовите таа даде одлично грозје. Ние ќе продолжиме како здружение да ја промовираме оваа наша автохтона сорта која на винарниците им нуди посебна приказна која ја нема никаде во светот како шанса да се биде уникатен по нешто на пазарот и со тој белег да се истакнеш од огромната маса на вина кои ги има на пазарот. Особено е значајна оваа посебност на станушината при промоцијата на винскиот туризам кој се трудиме да го развиваме бидејќи нуди еден традиционален вкус кој нема каде на друго место да го пробате и доживеете, рече Јован Еленов, претседател на здружението „Винотек“ од Кавадарци.

Слоу Фуд Македонија со промоција на Станушината

Од целосно заборавена и потценета сорта, која ја има само во старите семејни лозови насади, грозје кое по најниска цена е откупувано од винарниците, денес, не само што се свртуваат младите винари кон оваа сорта, да ја одгледуваат и произведуваат вина од старите насади, имаме и поединечни случаи кога и се засадуваат нови насади токму со оваа сорта.

Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија вели дека од Станушина се добиваат вина со нежна  рубин-црвена, аристократска боја, сензуални овошни ароми, во кои доминираат јагода, малина и сушено овошје, и елегантно тело.

Исто така од грозјето се подготвува маџун, сируп кој се користи за лекување на проблеми со црниот дроб и респираторни инфекции, а исто така и како замена за шеќер во домашните рецепти.

-Слоу Фуд Македонија работи на промоција на Станушината или поточно, оживување на традицијата преку правење вино, длабока посветеност кон одгледување на оваа автохтона сорта во Македонија, која сакаме да ја издигнеме до препознатливост во пошироки рамки. Дава интересни вина, едноставна за одгледување и примена на современи одржливо агротехнички мерки, погодна за органско производство, како и прилагодлива на се’ по суровите климатски услови, таа претставува една одредница кон која треба да се стремиме во трасирањето на патот на иднината на нашето винарство.

За таа цел го основавме президиумот Станушина, каде здружено неколку лозари и винари ја негуваат и произведуваат вино и маџун од неа и потоа ги промовираме. Производите ги вклучуваме и во други едукативни и промотивни настани  кои ги организираме. Во дигиталната ера, градиме врски на производителите со новите субјекти кои се стремат да развиваат онлајн продажба на храна и пијалаци, рече Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија.

 

Тим на Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close