fbpx
Вести

Над илјада земјоделци од Тиквешко аплицирале за субвенции при осигурување

Над илјада земјоделци од Тиквешко аплицирале за субвенции при осигурување на своите земјоделски култури, информираа за МИА Зоран Шалев и Златко Пенков, раководители на подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Кавадарци и Неготино.

nad iljada zemjodelci od tikveshko aplicirale za subvencii pri osiguruvanje

 

– Над 700 апликанти од Кавадарци и Росоман поднесоа документи кај нас за да ја искористат можноста што им ја нуди државата, да добијат 60-процентна поддршка кога се во прашање финансиските средства кои треба да ги издвојат за осигурување на своите земјоделски култури, соопшти Шалев.

Кавадарци, како што додаде, се наоѓа на врвот на листата на општини, кога е во прашање бројот на земјоделци заинтересирани за овој вид на субвенции.

Според Пенков, над 400 земјоделци од Неготино и Демир Капија, решиле да ги осигураат своите земјоделски култури и на тој начин да ги заштитат, притоа користејќи ги субвенциите кои ги нуди државата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close