fbpx
Агро бизнисВестиВиноМакедонијаТоп вести

Хоџа: Виното е трет производ по вредност во извозот, зад тутунот и пекарските производи

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска во Кавадарци

Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми. Ова го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа во Кавадарци, каде со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев закроија винова лоза во чест на празникот „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Хоџа информираше дека извозот на вино последните години бележи постојан пораст.

– Повеќе години наназад, виното е трет производ по вредност во извозот, зад тутунот и пекарските производи. Ова само го потврдува неговото значење за вкупната домашна економија, нагласи министерот.

Тој рече дека минатата година беше најтешката година за винската индустрија кај нас и во светот.

– Пандемијата ја наруши трговијата со флаширано и наливно вино. Нашите винарници се соочија со вишок на вино, а лозарите немаа каде да го предадат грозјето. За маката да биде уште поголема, грозјето од ланската реколта беше со послаб квалитет. Во такви услови, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја покажа на дело својата вистинска грижа и за лозарите и за винарниците. Успеавме да најдеме заедничко решение, донесовме интервентни мерки и успешно ја надминавме кризата, рече Хоџа.

Тој потсети дека за таа цел, Владата го усвои Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од Ковид-19. Според тој закон, тој информираше дека беа исплатени 6.3 милиони евра, а треба да се доисплатат уште 12 до 14 милиони денари, кои ќе бидат обезбедени со петтиот сет економски мерки.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close