fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

НФФ: Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје

Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите .

Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите.

Треба да се воспостават вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите се со цел лозарството и винарството да се развива и понатаму да биде препознатлив бренд на нашата држава. Посебно сега со настаната Ковид криза, потребно е да се либерализира пристапот на малите производители до пазарот, а со тоа да се влијае на стабилизирање и редистрибуција на вредноста на земјоделскиот откуп во целиот систем. Овие се дел од заклучоците на анализата на Националната федерација на фармери „Земјоделството и корона кризата”1.

– Според официјалните податоци на ДЗС во Македонија има вкупно 180.000 земјоделски стопанства. Од нив околу 48.000 земјоделски стопанства поседуваат лозови насади. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје 70 отсто се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства (чија површина се движи од 1 – 4 ха). Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите се со цел лозарството и винарството да се развива и понатаму да биде препознатлив бренд на нашата држава, соопшти Националната федерација на фармери.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close