fbpx
ВестиМакедонија

Дури 54.000 лица доцнат со пријавување во Агенцијата за вработување

Лицата кои доцнат со пријава во евиденција на невработени лица да дојдат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок.

Директорот на Агенцијата за вработување , Абдуш Демири, апелира до јавноста и граѓаните да ги почитуваат законските рокови за пријавување во евиденцијата  бидејќи во моментов дури 54.000 лица доцнат со тоа.

АВРСМ, согласно уредбата со законска сила донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19, ги одложи роковите за редовно пријавување на невработените лица. На 15 септември лани повторно беше воспоставено редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа или пасивни баратели на работа).Невработените лица беа известени за терминот кога треба да се пријават во надлежниот Центар за вработување или дисперзирана канцеларија. Сепак, заклучно со денеска околу 54 илјади лица доцнат со пријава во евиденцијата на невработени лица (активни баратели на работа) и други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа) во АВРСМ.

Директорот Демири ги повика лицата кои доцнат со пријава во евиденција на невработени лица да дојдат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок.https://nezavisen.mk/duri-54-000-lica-docnat-so-prijavuvanje-vo-agencijata-za-vrabotuvanje/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close