fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВАЖНО-Алијанса од денеска почна со откуп на вишокот на тутун

Стомнароски вели дека од понеделник и останатите откупувачи ќе почнат со откуп на вишокот на тутун, па апелира до откупувачите да поделат картонска амбалажа за да можат тутунарите да го пакуваат вишокот на тутун.

Откупната компанија Алијанса од денеска почна со откуп на вишокот на тутун, потврдува Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија и апелира до откупувачите да поделат катонска амбалажа за да можат тутунарите да го пакуваат и вишокот на тутун.

-Алијанса започна од денеска да го откупува вишокот, јас лично бев на терен на неколку откупни пунктови, вишокот на тутун се презема,  додека останатите откупувачи според обавениот разговор со нив ќе почнат од понеделник. Досега се откупени 23 милиони килограми тутун, но има се уште тутун од договорениот што треба да се преземе, така што се надеваме дека до крајот на законскиот рок за откуп ќе бидат преземни 25 милиони килограми тутун, изјави Стомнароски за „Зелена берза“

Утре Сојузот на земјоделски здруженија ќе одржи редовно собрание на кое ќе побара од МЗШВ да се пролонгира потпишувањето на договорите на тутунарите со откупувачите за новата реколата.

-Ќе го известиме МЗШВ дека договорите за новата реколата  треба да се одложат се додека не заврши откупот на тутунот од оваа реколта, бидејќи сакаме измени во Правилникот за ценење на тутунот, така што ќе бараме да се цени по класи, вели Стомнароски.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close