fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Железници Транспорт во 2021 ќе направи загуба од 7,5 милиони евра

Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

Железници Транспорт и во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

„Со набавката на четирите локомотиви кои се во сообраќај состојбата на техничко-технолошка експлоатациона моќност на ЖРСМ Транспорт АДСкопје се зголеми, трошоците на експлоатација се намалени, а со самото тоа финанасиските резултати се подобруваат“, сметаат од таму, но ситуацијата во реалноста е поинаква.

Планираните вкупни трошоци се 1.736.227,00 илјади денари, додека планираните вкупни приходи изнесуваат 1.266.645,00 илјади денари. Транспортните приходи се планира да изнесуваат 861.400,00 илјади денари.

Државата стандардно од сопствениот буџет преку Министерството за транспорт и врски ќе даде 400 милиони денари за субвенионирање на патничкиот сообраќај, за кој пак се потребни  817 милиони, поради што се очекува загуба од 378 милиони во овој сектор, имајќи предвид дека самите патници за билети ќе платат само 35,8 милиони. И кај товарниот сообраќај е планирана загуба од 91,2 милиони.https://faktor.mk/zeleznici-transport-vo-2021-kje-napravi-zaguba-od-75-milioni-evra

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close