fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ИНТЕРВЈУ со Хоџа: Приватниот бизинис го префрлив на сопругата

ПРОЧИТАЈТЕ -Што вели Хоџа за тутунарите, оризарите, винарите

„По добивањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, управувањето со приватниот бизнис кој постои веќе 12 години, го префрлив на сопругата. Промената ја наведов во пријавата во анкетниот лист. Јас и понатаму останувам во сопственичката структура“, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во интервју за „Локално“.

Во однос на дописот од вработените кои тврдеа дека во просториите на МЗШВ нема основни услови и хигиена во рамки на безбедноста и заштитата од Ковид 19, вели дека во министерството работните простории се организирани од отворен тип. „Просториите одговараат на оптимумот за број на вработени по површина и целосно ги задоволува потребите од протоколот на Комисијата за заразни болести“, тврди Хоџа.

За најавениот протест на оризопроизводителите, министерот тврди дека се остварени средби по што е донесен заклучок да се зголеми финансиската поддшка во рамки на подмерката за ориз без сертифициран семенки материјал.

На прашањето како ја коментира информацијата од Државната комисија за спречување на корупција за судир на интереси и водење приватна фирма, изјави дека уредно поднел се во анкетниот лист, и иако како сопственик на семејниот бизнис сега фигурира неговата сопруга, тој повторно е во горната хиерархиска структура.

Во однос пак, на најавите за ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ, Хоџа беше изненаден од таквата помисла, и како и останатата владејачка структура посочи дека Владата е стабилна и функционера во рамки на нормалното.

Оризопроизводителите од Кочани сметаат дека оризот нема реална вредност и велат дека МЗШВ и Владата не одговориле на нивните барања. Велат дека производната цена е повисока од откупната, но и дека не се опфатени со досега ниту еден пакет економски мерки. Дали остваривте средби со нив и каде го детектирате проблемот?

-Досега остварив неколку средби со оризопроизводителите и преработувачите од кочанскиот регион. На средбите разговаравме за актуелната состојба со откупот на ориз од овогодинешната реколта, а беа изнесени ставови за ниската откупна цена, како и за пропратните проблеми.

На барање на оризопроизводителите, Владата на Република Северна Македонија, донесе одлука за зголемување на висината на финансиската поддршка за подмерката за ориз без сертифициран семенски материјал. Со направената измена се зголеми поддршката за земјоделците кои немаат сертифициран семенски материјал на 25.000 денари за површини до 5 хектари, а оние земјоделци кои имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добијат финансиска поддршка од 30.000 денари по хектар.

Со оваа одлука Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излегува во пресрет на оризопроизводителите, во напорите да се амортизираат последиците од корона кризата. Исплатата на субвенциите се одвива во согласност со динамиката и календарот на Платежната агенција.

МЗШВ и тутунопроизводителите се договорија за продолжување на рокот за откуп до 31. март годинава. Но, Иницијативниот одбор на Тутунарите вели дека целиот тутун вклучително и т.н. вишок треба да се продаде. Истовремено, не се согласуваат ниту со издвоените 5 милиони евра за покривање на разликата во цената. Оттаму, сметаат дека нема да се надоместат загубите од 60-90 денари. Дали планирате со нови средби да најдете ново компромисно решение, и може ли тутунопроизводителите да очекуваат цената од 163.3 денари, да се искачи на 180 денари?

-Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постојано ја следи состојбата со откупот на тутун. Одржавме десетина средби и со производителите и со откупувачите, со цел за пронаоѓање на взаемно прифатливи решенија. Откупот на тутун е во завршна фаза. Откупени се количини на тутун од 23 илјади тони, кои беа предвидени со склучените договори помеѓу производителите и откупувачите, остана да се откупи вишокот на тутун. Просечната цена на предадениот тутун изнесува 165 денари. На последниот состанок со тутунопроизводителите, на кој што присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, заеднички дојдовме до заклучок дека е потребно продолжување на рокот за откуп на вишокот на тутун, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31 Март.

Владата, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, секоја година преку субвенциите им исплаќа на тутунопроизводителите 30 милиони евра, што претставува 30 % од вкупниот буџет наменет за субвенционирање на земјоделски култури. Тутунарите непосредно после завршувањето на откупот на тутунот, веднаш ги добиваат субвенциите, први во годината.

Со мерката 21 од петтиот пакет економски мерки на Владата, предвидени се околу 5 милиони евра за поддршка на тутунарите. Заедно со Владата најдовме начин да им се помогне на тутунарите коишто оваа година се погодени од кризата, но и со послабиот квалитет на тутунот. Трите години наназад беа одлични но, оваа година пандемијата и неповолните временски прилики го направија своето во оваа значајна земјоделска дејност, па затоа оваа мерка е за да се спречат последиците. Деталите и критериумите за оваа мерка, пред тутунарите и пред сите граѓани, ќе ги соопштам по завршувањето на откупот.

Владата ги донесе Програмите за директни плаќања и за Рурален развој. Што да очекуваат земјоделците, кога ќе има исплати на субвенциите, кога ќе се распишуваат новите повици за популарните Млад земјоделец, Рурална жена, механизација, новата мерка 10.000 за нов агробизнис, со оглед на тоа дека во рамки на едно интервју, оризопроизводителите конкретно посочија дека не добиле се уште субвенции предвидени за изминатата година, и дали е тоа случај со повеќето земјоделци?

-Реализацијата на мерките и од Програмата за директни плаќања и од Програмата за Рурален развој е почната. Исплатата на субвенциите за земјоделство по Програма 2020 се одвива тековно. Агенцијата, веќе ги обработува барањата за исплата на субвенции по сите мерки. Само за поледелски култури, во кои припаѓа и оризот, треба да се обработат 20.000 барања. Откако ќе бидат обработени податоците, на сите кои правно – законски ги исполнуваат условите, средствата ќе им бидат исплатени.

Што се однесува до повиците за Млад земјоделец, Рурална жена и останатите кои ги споменувате, повиците треба да се реализираат во наредниот период. Секако, согласно Програмата и обезбедените средства за секоја мерка огласот ќе биде објавен, а  како и досега ќе бидат известени сите заинтересирани дека повикот е отворен, со цел да се подготват со потребната документација и во предвидениот рок да аплицираат.

Опозицијата неодамна обвини за неисплатени субвенции од мерката за оддржување на лозов насад, но и дека три години доцнат субвенциите за регистриран индвидуален земјоделец коишто треба да земаат 20% повеќе односно поголем износ на субвенции. Истовремено, велат дека не се досиплатени и субвенциите за мерката по однос на Ковид пандемијата. Оттаму, се поставува прашањето дали винариите коишто минатата година го откупија гројзето го преработија во вински дестилат или во квалитетно вино, какви се вашите информации?

-За мерката оддржување на лозов насад, на ден 12.02.2021, исплатени се вкупно 550.741.044 денари по Програма 2020 година, на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади.

Согласно Законот за финансиска подршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид 19, врз производството, откупот на грозје и винската индустрија”, досега се исплатени 6,3 милиони евра, средства кои беа исплатени согласно ветеното, односно до крајот на минатата година. Според податоците од Платежната агенција, остануваат да се доисплатат уште 12 – 14 милиони денари, средства кои се обезбедени во петтиот сет економски мерки.

Со мерката Ковид 19 беа опфатени и лозарите и винската индустрија, со што Владата им помогна на двете дејности во надминување на кризата.

Во однос на тоа што од сите винарски визби побаравте да достават извештај за тоа колкави ќе бидат нивните потреби од реколтатан а грозјето, дали остваривте нови средби со винариите и дали се истите извештаи доставени до вас?

-После остварената срдба со претсатвниците на винарските визби и здруженијата на лозаропроизводители, добиваме извештаи за тоа колку треба да тежи реколтата на грозје оваа година. По добивањето на сите извештаи од винарските визби, ќе закажеме повторна средба на која ќе креираме решенија за претстојната сезона со цел да се елиминираат можните проблеми и потешкотии. Планираното производство на грозје ќе биде најдобар начин за соработка на партнерите – винарските визби и лозаропроизводители.

Вработени во Министерството испратија допис до медиумите во кој велат дека одат секојдневно на работа и се сместени по десеттина лица во една канцеларија без основни услови за хигиена. Според препораките на Комисијата за заразни болести ова е спротивно, и оттаму дали овае вистина, дали има реакција од ваша страна или дали можеби ве предупредија и санкционираа надлежните институции?

-Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство е сместено во зграда нов функционален тип. До 01.01.2021 година дел од објектот на министерството беше отстапен на користење на Секретаријатот за рамковен договор кој по целосно сместување на вработените во објектот на Министерството за политички систем и односи со заедниците се ослободија дополнителни простории.

Во министерството работните простории се организирани од отворен тип. И покрај функционалната распределба не постои нити една работна простприја со повеќе од 10 вработени. Просториите одговараат на оптимумот за број на вработени по површина и целосно ги задоволува потребите од протоколот на Комисијата за заразни болести. Работните места во сите работни простории се одделени повеќе од 2 метра еден од друг, односно има по повеќе од 4,4 м2 по вработен со што целосно е задоволена потребата од протоколот на Комисијата за заразни болести. исто така на вработените континуирано им се дели средство за дезинфекција и маски за лична заштита. оттука целосно се задоволени пропишаните критериуми од Комисијата за заразни болести. Едновремено Владата на Република Северна Македонија  даде препорака за организирање на работата согласно просторните услови и потребата на работа.

Земајќи ги во предвид горенаведените факти работата во министерство може целосно да биде органиизрана во една смена.

Антикорупциска отвори предмет против вас и уште тројца пратеници за судир на интереси, преку кој вашите личен бизнис по добивањето функцијата министер сте го префрлиле на блиски роднини или сопругата. Дали во пријавата во анкетниот лист сте ја пријавиле ваквата состојба?

-По добивањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, управувањето со приватниот бизнис кој постои веќе 12 години, го префрлив на сопругата. Промената ја наведов во пријавата во анкетниот лист. Јас и понатаму останувам во сопственичката структура.

Како ги коментирате информациите во јавноста за евентуално формирање на ново мнозинство со ВМРО ДПМНЕ, дали опозицијата во овој момент има 61 пратеник?

-Не знам од кај произлегува прашањето за формирање на ново парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи очигледно е дека власта, чиј дел е и нашата партија, функционира во сите делови и сите нивоа. Во работата на оваа Влада има и несогласувања и различни размислувања, но на крајот се се сведува во изнаоѓање на најдобрите решенија и одлуки кои ќе бидат во корист на граѓаните. Шпекулациите, очигледно, доаѓаат од опозициски извори, но факт е дека ВМРО ДПМНЕ нема 61 пратеник во Собранието.https://lokalno.mk/intervju-so-hodha-jas-sum-vo-sopstvenichkata-struktura-na-mojot-biznis-iako-soprugata-upravuva-so-nego/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close