fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Заев вели Хоџа ќе постапи по укажувањето на Антикорупциска

Хоџа во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот.

Министерот Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по укажувањето на Антикорупциската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за укажувањата од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која отвори постапка за министерот за земјоделство, Хоџа, бидејќи, како што наведуваат, „во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот“.

„Ние секогаш сакаме согласно сите укажувања на ДКСК да постапиме. Тој испрати апел до мене како претседател на Влада, Владата веднаш да постапи по укажувањето, испорачавме соодветно на законот и согласно тоа и тој лично да си постапи по укажувањето, односно ако се сеќавам после неговото назначување на функцијата министер сопругата ја има ставено да биде управител на нивната семејна фирма каде што по законот вика близок член на семејството е недозволиво, значи мора да стави друг управител. Ме информира дека тој лично ќе постапи, а секако испрати апел и до мене како претседател на Владата и Владата да постапи согласно укажувањата на ДКСК“, изјави премиерот Заев на новинарско прашање по сведочењето за предметот „Титаник“. Антикорупциската комисија отвори постапка против Хоџа бидејќи во неговата семејна фирма по стапувањето на функциите, поставил блиско лице, односно сопругата да управува со компанијата, со што го прекршил законот кој тоа го забранува.https://www.slobodnaevropa.mk/a/31115593.html

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close