fbpx
ВестиМакедонија

Ќе бараме пари како инвестициски грант за железницата Крива Паланка – Деве Баир

Во рамки на Eкономско - инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти. 

Се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите. Ова го соопштија од Министерството за финансии по средбата на министерот Фатмир Бесими со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи. Теми на средбата биле планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско – инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, а чија реализација ќе го трансформира регионот, што ќе води кон посовремени, позелени и подигитални економии како и подобра поврзаност со единствениот пазар на ЕУ.

Бесими рекол дека во рамки на Eкономско – инвестицискиот план, државата ќе аплицира за техничка помош и грантови за инфраструктурни проекти, а коишто се дел од единствена листа на проекти. 

„Во овие рамки се прават напори да се поднесе апликација за инвестициски грант за кофинансирање на железничката делница Крива Паланка- Деве Баир со што ќе се обезбедат средства за финансирање на источниот дел од железничката пруга Коридор 8, а ќе се поднесе и апликација за инвестициски грант за кофинансирање на пречистителната станица Скопје, со што се отвора можност за намалување на заемите.https://faktor.mk/kje-mrdne-li-od-mrtva-tochka-kje-barame-pari-kako-investiciski-grant-za-zeleznicata-kriva-palanka—deve-bair

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close