ВестиМакедонија
Топло до сабота, од недела позначителен пад на температурите
Сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Во петок времето ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Топлото време со натпросечни температури за овој период од годинава ќе се задржи до недела кога повторно се очекува позначителен пад на температурата, особено на дневната.
Максималните дневни температури во сабота ќе достигнат до 23 степени, а веќе во недела ќе се спуштат за седум степени пониско, односно до 16-тиот степен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во сабота попладне ќе почне да дува умерен, по должина на Повардарието, засилен ветер од северен правец, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.
Во понеделник и вторник дневните температури ќе бидат максимум до 13 -14 степен.