fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Утре ќе работат дел од пунктовите на Тутунски комбинат Прилеп, Пашоски и Секе

Тутунарите во исчекување дали утре ќе биде свикана итна седница на Собрание за пролонгирање на откупот на тутунот

Тутунарите се во големо исчекување дали утре ќе биде свикана  итна седница на Собрание за пролонгирање на откупот на тутунот. Неофицијано дел од здруженија имаат информација дека утре можно е да биде свикана итна седница на Собрание и со донесените законски измени да се пролонгира откупот на тутунот до 31 март.

Инаку утре ќе бидат отворени откупните пунктови на неколку откупни компанија. Според потврдени информации на Игор Мирчески координатор на дел од новоформираните тутунарски здруженија, утре ќе работат дел од пунктовите на Прилепски тутунски комбинат, Пашоски и Секе онаму каде не се повлечени вагите, а се најавуваат и отворање на откупни пунктови на Алијанса.

-Тутунот мора да се откупи за што во исчекување сме дали утре ќе има итна седница на Собрание. Според нашите сознанија од терен, оставени се од 400 до 500 тони тутун во дел од селата во Радовишко, и од 800 до 1 милиони килограми тутун во Долненско. Тој тутун мора да се дооткупи во спротивно ќе ескалира незадоволството, вели Миречески.

Откупот официјално завршува во недела на 28 февруари, но бидејќи недела е неработен ден се очекува да заврши во понеделеник.

-Повлечени се многу откупни пунктови и ако не се донесат измена во законот за пролонгирање на рокот за откуп многу тутун ќе остане неоткупен и тоа на цела територија на Македонија. Тутунарите се гневни и во паника. Се чувствуваме сите изиграни, ограбени, понижени и омаловажени. Наместо да се радуваме на добро вреднуваниот труд ние се јадосуваме поради огромните загуби. Во сите села, во сите региони владее разочарување и несигурност. Безпарицата многу брзо ќе чукне на вратите на огромен број тутунари.Ова е година која треба да се запише како најлошата во тутунската историја на Македонија. И покрај секојдневните изјави на министерот Хоџа дека просечната цена на откупениот тутун е 166 денари, ретки се тутунарите кои имаат пресметки повисоки од 130 денари. Неговите лаги дополнително го зголемуваат гневот кај тугунопроизводителите, вели Васко Јосифовски од „Тутунска надеж“.

Во недела во Сојузот на тутунарски здруженија во 11:00 часот во „Хотел Кристал Палас“ ќе одржи  отворена трибина со тутунари,откупувачи ,а се највува присуството и на  министерот за земјоделие Арјанит Хоџа, претставници од Министерството за земјоделие, од Инспекторатот за земјоделие и Стопанската комора.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close