fbpx
Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

Откупувачите не покажале интерес да го откупат вишокот на тутун, Хоџа барал решение со турска компанија

Ристески- Министерот предложи да се намали производството на тутун на 21 милиони килограми, од сегашните 23 милиони килограми тутун.

Договорениот тутун ќе се дооткупи, ама не и вишокот на тутун, ваква порака  им пренел министерот Хоџа на тутунарите од Прилепско на денешната средба во Прилеп. Според Кире Ристески претседател на Тутунска надеж нема изгледи дека вишокот на тутун ќе се откупи од оваа реколта.
-Скептик сум дека комплетно ќе се решат проблемите на тутунарите за оваа реколта. Тоа што е останато на договори што не се исполнети ќе се дооткупи, за вишокот на тутун потешко, министерството бара решение со некоја турска компанија која ќе го откупи вишокот на тутун и таму ќе си го доработи, зошто нашите откупни компании немаат волја да го откупот тој тутун, вели Кире Ристески од Тутунска надеж кој денеска присуствуваше на средбата со тутунарите  Сојузот на земјоделски здруженија и министерот Хоџа.
Втор клучен момент со кој Ристески не се согласил со министерот е да се намали производството на тутун на 21 милиони килограми, од сегашните 23 милиони килограми тутун.
-Не се согласив бидејќи околните земји го намалија производството на ароматичен тутун а кај нас треба да се зголеми и затоа странски компании пројавија интерес да отворат откупни компании кај нас. Друго што не се согласив е со цените што ги понуди Сојузот, а тоа се 280 денари за прва класа, 200 за втора, 180 трета класа и 90 денари за четврта класа. Ние како Тутунска надеж предлагаме 300 денари прва класа, 260 денари втора класа, 200 денари   трета класа и четврта, збирна класа 130 денари. А со Сојузот се сложивме дури не заврши оваа реколата да не  се почне со склучување на нови договори. А допрва ќе се вклучиме во договорите се измени на текстот на договорите со откупувачите, измена на цената на класите и сето ова ќе оди во договор со Стопанската комора, Сојузот и откупувачите, рече Ристески.
Ристески навел дека не е задоволен од работата на Земјоделскиот инспекторат на терен кој според него во целост потфрлил. За овој проблем лично упатил забелешка кај Зоран
Шапуриќ директор на Инспекторатот.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close