Дали пратениците ќе разговаат за проблемот на тутунарите?
Дали Собранието на Република Северна Македонија неделава ќе одржи пленарна седница?
Дали Собранието на Република Северна Македонија неделава ќе одржи пленарна седница ќе се знае веројатно денеска по редовната понеделничка координативна средба на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Парламентот Талат Џафери. За договореното на координацијата потоа ќе бидат информирани и координаторите на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои не одат на овие средби со Џафери.
До синоќа на веб страницата на Собранието беа закажани само седници на неколку собраниски комисии, но не и пленарни седници. Собранието не може да собере кворум за седница поради недоаѓање на пратеници од владејачките партии, проблемите во пратеничката група на ДУИ, за што беше најавена разрешница, како и поради тоа што пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат само на седници на кои на дневен ред се точки поврзани со Ковид-19.