fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Одгледувачите на овци си ги бараат субвенциите

Лани субвенциите им беа исплатени кон средината на февруари, а годинава немаат абер кога ќе ја добијат финансиската помош од државата

Одгедувачите на овци се незадоволни и револтирани  поради неисплатените субвенции  за минатата година, кои како што велат, требало да ги добијат кон средината на февруари, но засега немаат ниту глас од МЗШВ кога ќе им бидат ислатени .

-Доцнат субвенциите за одгледувачите на овци, и кај нас расте незадоволството. Лани финансиската помош од државата ја добивме кон средината на февруари, а сега нема ниту најава кога парите ќе легнат на нашите сметки. Овој период крајот на зимата и почетокот на пролетта  е најтежок за нас бидејќи нема откуп на јагнето, а трошоците за храна растат. Згора на се денеска килограм јагне жива мера се откупува за 140 денари килограм, тоа е 10 денари по килограм помалку од минатата недела. Тенденција на пад на цената на јагнето има и тоа ќе значи уште еден удар по наш грб. Затоа апелираме МЗШВ што поскоро да ни ги исплати субвенциите и тоа по сите основи, тие пари нема да не  збогатат нас одгледувачите на овци, туку ќе ни помогнат да не паднеме во уште поголеми финансиски проблеми, вели Александар Мушев, огледувач на овци од штипското село  Чардаклија.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close