„Еуросупер БС-95“ и дизелот од ноќеска ќе поскапат за еден, а „еуросупер БС-98“ за денар и половина
Mалопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,95 проценти одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.
Mалопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,95 проценти одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на еуродизел се зголемуваат за еден денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 65,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 56 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 67,50 денари за литар.
Екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1 денар за литар, односно ќе се продава за 45 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари за килограм.