fbpx
Вести

2.700 хектари овошни насади оштетени од пролетното измрзнување во ресенско

Заврши комисиската проценката на априлските штетите од измрзнувањето на јаболкото во ресенскиот регион. Од оваа непогода настрадаа насадите на повеќе од 2.000 овоштари. Речиси половина од овошните насади во ресенско или скоро 2.700 хектари се оштетени од пролетното измрзнување годинава.

2700 hektari ovoshni nasadi oshteteni od proltnoto izmrznuvanje vo resensko

 

До општинската комисија беа доставени 2.300 барања за проценка на штети кои во најголем дел се за насадите со јаболко. Извештајот на комисијата треба да биде разгледан од Советот на општина Ресен по што ќе почне владината постапка за обештетување на земјоделците. Ова е втор пат за три години насадите со јаболко да настрадаат од природни непогоди.

Во овој регион за штетите од град во 2014 година, овоштарите добија обештетување од вкупно 2 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close