fbpx
ВестиМакедонија

Бачовски најави во медиумите дека за полјоделците ќе има субвенции на почетокот на март

Земјоделците ја очекуваат државната поддршка, а крајниот законски рок за исплата на сите субвенции е 30 јуни.

Зелена берза очекува одговор од Платежната агенција за која категорија на земјоделци ќе бидат исплатени субвенции во текот на месец март.

За дел од медиумите од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изјавиле дека  интензивно се работи на подготовка и исплатата на земјоделските субвенции за 2020 година.

Земјоделците ја очекуваат државната поддршка, а крајниот законски рок за исплата на сите субвенции е 30 јуни.

Од агенцијата најавиле дека почетокот на март ќе го одбележат со исплата на субвенциите за полјоделски култури.

– Започнавме со субвенциите на лозарите, а пред два дена исплативме и 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки. Станува збор за исплати за повеќе мерки и тоа: за вршење на земјоделска дејност во подрачја со  ограничени можности,или попознато како ПОМ,  за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството  2019. Исто така исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година. Почетокот на март го одбележуваме со исплата на субвенциите за полјоделски култури –изјави  директорот на агенцијата, Никица Бачовскии најави потпишување на договори од Мерка 1 од ИПАРД програмата.

https://gragjanskizbor.mk/aktuelno/agrotim-pochetok-na-mart-isplata-na-subvenciite-za-poljodelski-kulturi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close