Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Со 5-те милиони евра од Владата да се дооткупи целиот тутун, бараат од „Тутунска надеж“
Во спротивно велат тутунарите, неоткупениот тутун ќе заврши на буниште.
Со 5-те милиони евра што ги најави Владата како помош за тутунарите да се дооткупи целиот тутун, бараат од новоформираното здружение „Тутунска надеж“ прку јавниот апле упатен до пратениците и претседател на собранието Талат Џафери. Во спротивно велат тутунарите, неоткупениот тутун ќе заврши на буниште.
-Ги молиме народните избраници да ја средат работата со тутунопроизводителите, своето его да го остават настрана и да им помогнат на тутунарите да се дооткупи овогодинешниот род. Да се закаже седницата и да се извршат промените на законот за тутун со што би се продолжил рокот за откуп на тутун.
Без разлика на која партија припаѓате седнете на столчињата и стиснете го копчето ЗА продолжување на рокот за откуп. Прифатете го предлогот на пратеникот Јахоски и пренасочете ги 5 те милиони да се дооткупи целиот род, да не ги оставаме нашите тутунари на цедило. Не дозволувајте жолтото злато да заврши на ѓубриште. Тоа за многу семејства е единствен извор на егзистенција. Не ги оставајте без парче леб, апелираат од „Тутунска надеж“.