fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Земјоделците вредни-Се редат леите за новата реколта на тутунот

Владе Јошевски во Демирхисарското село Света ги почна подготовките за новиот расад за тутун

Во Демирхисарското село Света почнаа подготовките за расадот за новата реколта на тутунот.

Владе Јошевски со новата фреза MASCHIO GASPARDO ги почна подготовките за расадот за тутун. На површина од 500 м2  Јошевски направи леи во должина од 370 метри. Од овие леи ќе се произведе расад за површина од 37 декари тутун.

-Почнавме со подготовките на расадот во село Света, леите се со широчина од 1 метар и ги правиме со новата фреза MASCHIO GASPARDO набавена во „Синпекс“ Битола. Фрезата со мои мали интервенции и преправки е направена да може директно да ги прави леите без да се копа рачно или да се рамни леата, изјави Владе Јошевски, млад земјоделец од Демир Хисар.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close