fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Бачовски на двајца кавадарчани им даде поддршка од 20 илјади евра за модернизација на семејни винарии

Блаже Стојановски и Петре Пешков преку своите семејни винарии ќе овозможат домашното производство на грозје да се преработи во нивни сопствени капацитети и да се произведе сопствено вино, како нов бренд во широката македонска винска лепеза

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска на двајца кавадарчани им додели договори за „Млад земјоделец“, за набавка на опрема за мали семејни винарии. Доделувањето на договорите беше на лозовите насади на винаријата Македонски Параџик, во близина на воденицата во месноста Моклиште.
– Чест и задоволство ми е што денеска доделувам два од вкупно дваесет и седумте одобрени неповратни грантови за млади земјоделци во тиквешкиот регион. Со помош на финансиската поддршка од 20 илјади евра доделена од Платежната агенција, денешните добитници ќе инвестираат во набавка на најнова опрема за модернизација на нивните семејни винарии. Имено, со овие средства ќе се набават пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, разладни уреди, пумпи и опрема за флаширање, рече Бачовски.
Модернизирањето на производството на овие млади луѓе, нагласи тој, „е најголем доказ дека нашите мерки даваат резултат, а граѓаните ја препознаваат шансата која им ја дава Владата за поддршка на младинското претприемништво”.
Тој рече дека Блаже Стојановски и Петре Пешков преку своите семејни винарии ќе овозможат домашното производство на грозје да се преработи во нивни сопствени капацитети и да се произведе сопствено вино, како нов бренд во широката македонска винска лепеза.
– Со еден потег создаваме нови работни места, нови брендови и додадена економска вредност на домашното производство на грозје. Со мерката за финансиска поддршка за почеток на нов агробизнис се опфатени 265 апликанти на возраст до 40 години, за кои се одвоени 3.1 милион евра, преку мерката поддршка за поттикнување на земјоделско производство. Само со вложување во младите и поддршка на нивните бизнис идеи можеме да ги задржиме таму каде што припаѓаат. Да живеат, работат и создаваат дома, рече Бачовски.
Тој додаде дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со засилена имплементација на мерки и програми, за доделување на финансиска помош како главен двигател на развојот и модернизацијата на агро секторот.
Стојановски и Пешков изразија задоволство од грантот. Тие рекоа дека немале проблеми при аплицирањето и дека во иднина ќе вложуваат, со цел изградба на македонски вински бренд препознатлив во светот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close