Во чест на Јаболкото и отпочнување на бербата на јаболка, Општина Ресен по 16-ти пат ја организира манифестацијата „Преспански Јаболкобер”, која опфаќа активности од областа на земјоделието, културата, туризмот, уметноста и спортот.
Оваа најголема стопанско-културна манифестација е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.
По повод годинешниот „Преспански Јаболкобер 2016″, кој ќе се одржи во периодот на Православниот христијански празник Крстовден, Општина Ресен ќе биде домаќин на бројни гости и официјални лица од различни држави, како и лица кои го остваруваат својот интерес во областа на јаболковото производство.
„Преспански Јаболкобер 2016″ е можност и простор каде може да се изврши презентација и реклама на производи и услуги.
Заинтересираните граѓани промоцијата може да ја достават најдоцна до 16.09.2016 година.