Забранет увоз на месо
Македонија забранува увоз на животни, јајца и семе од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина поради болеста син јазик. Надлежните, одлуката за спуштање на трговската рампа веќе ја објавија во службен весник. Со ова во Македонија нема да може да се увезува месо или животни кои се подложни на болеста син јазик која главно се пренесува преку комарци, а ги напаѓа овците, козите и говедата. Забранетиот увоз се однесува и на семе, јајца и ембриони.
Словенечката управа за храна и ветеринарство открила две животни заболени од син јазик, додека во Црна Гора состојбата е алармантна. Оваа држава до минатиот месец регистрирала 177 заразени животни од син јазик и 532 животни заразени од јазлеста кожа. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за 24 Вести велат дека мерката забрана за увоз може да се донесе како превенција дури и ако нема заболени во земјата, односно ако само постои сомнеж.