Пад на продажбата на нови возила за 33 проценти
Пандемијата со Ковид -19, која негативно влијаеше врз работата на повеќе сектори, се одрази и врз автомобилската индустрија. Импортерите на нови возила поради намалената побарувачка беа принудени да се прилагодат на новите околности што ги наметна пандемијата и да го намалат увозот на возила.
Од Групацијата на импортери на нови возила при Сојузот на стопански комори во изјава за МИА велат дека забележале пад во продажбата од 33 проценти лани во однос на 2019 година.
– Причините за ваквата состојба се базираат врз економската криза односно намалената потрошувачка. Граѓаните поради состојбите во економијата се воздржуваат од потрошувачка на акцизни стоки, а воедно и претпријатијата поради намалената деловна активности и намалените приходи, се воздржуваат од нови инвестиции, велат од Групацијата.
Со заздравувањето на економијата и излезот од економската криза што ја предизвика пандемијата, очекуваат следниот период да се преземат мерки со кои ќе се стимулира купувањето на нови возила, особено на оние на електричен погон.https://nezavisen.mk/pad-na-prodazhbata-na-novi-vozila-za-33-procenti/