fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Седуммина млади земјоделци од Виница добија грантови до 20 илјади евра

Во периодот од 2018 - 2021 во Виница се доделени 10 грантови за млади земјоделци со вкупна вредност од 180.000 евра.

На преубавото Трсинско езеро на средба со Мартин, Оливер, Климент, Мартин, Влатко, Мирче и Галеб.
Сите живеат и работат во Виница и околните села и се занимаваат со земјоделство и сточарство, а за сите нив заедничко е што се добитници на грант за млад земјоделец до 20.000 евра и ИПАРД програмата кои ги имплементира Платежната Агенција, објави директорот Никица Бачовски.
Со доделените грантови ќе набават млинови за сточна храна, мискер – приколици, молзни системи, лактофризери и силоси.
Во периодот од 2018 – 2021 во Виница се доделени 10 грантови за млади земјоделци со вкупна вредност од 180.000 евра.
Со ваквата поддршка креираме нови бизниси нови работни места и нови вредности во локалната економија.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close