fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Трипуновски до СДСМ: Го доведовте земјоделецот до питачки стап

Го слушам како Зоран Атанасов се фали дека исплатиле субвенции на земјоделците, а притоа заборава да каже дека тоа не се субвенции кои што СДСМ ги дава, туку тоа е обврска на секоја влада, да го работи и исплати она што е и должност.

Во недостиг на проекти, на подобрување на стандардот на македонскиот земјоделец Зоран Атанасов кој до вчера беше директор на Агенција за храна и ветеринарство, а кој патем ја уништи институцијата поради неспособност и неработа, денеска исто како неговиот шеф Зоран Заев продолжуваат да го потценуваат трудот и маката на земјоделците. Го доведовте земјоделецот до питачки стап, работејќи само за својот личен интерес. Ама тоа се СДСМ. Слаба страна им е работата, ама јаки се на зборови. Зоране, вака држава не се прави, вака само се купува на време. Време кое најмногу оди на штета на земјоделците. Но, доаѓа крајот на власта. Доаѓа крајот на потценување на земјоделците.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе води вистинска грижа за земјоделците, затоа што за нас важи правилото, богат земјоделец, богата држава. И ќе работиме, сите заедно ќе го подобриме стандардот и егзистенцијата на земјоделците, а владата на СДСМ и Зоран Заев ќе може слободно да учи како се вреднува трудот и маката на земјоделецот, објави на ФБ Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close