fbpx
ВестиМакедонија

Владата утре ќе одлучува: Се поизвесно е враќање на полицискиот час во земјава

Комисијата за заразни болести предлага да има полициски час од 22 до 05 часот на територијата на целата земја.

Владата утре ќе се произнесе на предлогот на Комисијата за заразни болести да има полициски час од 22 до 05 часот на територијата на целата земја.Но, се поизвесно е дека повторно ќе има ограничување на движењето на граѓаните навечер.

Министерот Филипче на денешната средба на Комисијата образложи дека овој предлогот е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

-Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19, информираше министерот Филипче.

Комисијата дополнително ќе се изјасни од кога ќе почне применувањето на полицискиот час, односно откако Владата ќе донесе конечна одлука. Веројатно тоа ќе се случи во текот на оваа недела.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close