fbpx
Вести

Земјоделско ѓубриво се продавало во продавница за леб

Земјоделските инспектори во првиот квартал годинава правеле во просек по 90 контроли дневно или за три месеци направиле 8.142 контроли. Kонтролите биле направени по различни основи и закони, а бројките велат дека најмногу прекршувања има на Законот за рибарството и аквакултурата. Во Инспекторатот велат дека во текот на оваа година е намален бројот на плаќањата на откупени производи на диво, односно се зголемува плаќањето преку трансакциска сметка. Во извештајот стои дека бројот на извршените редовни надзори е за 277 отсто зголемен во однос на планираните редовни надзори, а бројот на извршените контролни надзори е зголемен за цели 1.167 проценти во однос на планираните контролни.

zemjodelsko gjubrivo se prodavalo vo prodavnica za leb

 

По направените контроли се изречени вкупно 361 инспекциска мерка. Во првите три месеци се издадени 217 решенија, извршени се 42 едукации, издадени се 65 платни налози, поднесени се 33 барања за поведување прекршочна постапка и 4 кривични пријави. Во годишниот извештај за лани стои дека минатата година се одземени и 16 тони саден материјал од компир, грашок и пченка, 37 тони средства за заштита на растенија и пет тони вишна. Од таму велат дека за една година имаат извршено 34.298 инспекциски надзори при што се издадени 975 решенија за на неправилности, спроведени се 147 едукации, издадени се 4 мандатни казни, а наплатени се 3.

Производи со поминат рок

Најчести неправилности се нерегистрирани објекти, пласирање производи за заштита на растенијата без одобренија, непоседување решение за пласирање на пазарот на мало; неприсуство на соодветно стручно лице или не се води соодветна евиденција за прием и испорака на производи. Најдени се и производи со поминат рок и несоодветно декларирање на производите за заштита на растенијата.

– Kако и лани, годинава се контролираа сите области од земјоделството и руралниот развој што можеа да направат нарушување на пазарот со земјоделски производи, нелојална конкуренција, нелегален откуп на земјоделски производи и оштета на земјоделските стопанства. Kај тутунот контролите се насочени кон нелојална конкуренција и нелегален откуп на тутун и оштетените производители на тутун. Се контролираа и потенцијалните небезбедни производи, кои би претставувале опасност за здравјето на луѓето и домашните животни – стои во извештајот на инспекторатот.

Рибокрадството на прво место

Планирани вонредни контроли првично биле 172, но периодот бил завршен со 5.214 контроли. Според бројките, има зголемување на проблемите кај користењето на државно земјиште и фитосанитарни проблеми.

– Од споредбените податоци за планираните надзори може да се забележи дека најголем број има согласно Законот за тутун и тутунски производи, дури 277. Следува Законот за земјоделско земјиште со 174 контроли и Законот за рибарство и аквакултура – стои во извештајот.

Во првиот квартал за 2016 година е извршено планирање на надзори според степен на сложеност и вид на надзор за 13 области на дејствување, односно закони по кои постапуваат надлежните инспектори. Во текот на март е спроведен координиран инспекциски надзор со МВР Битола, ПС Прилеп во с. Десово во колонијална продавница, при што е констатиран прекршок и се одземени вкупно 365 килограми разни видови ѓубрива. Во истиот период одземени се ѓубрива, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, како и производи за заштита на растенијата.

– Во село Десово и Kанатларци се исконтролирани два правни субјектаи едно физичко лице, за пласирање на пазарот производи за заштита на растенијата во нерегистрирани објекти како колонијални продавници и железарија – стои во извештајот.

Во четири случаи откриен вишок пестициди

Од страна на државните фитосанитарни инспектори во 2015 година се извршени 86.495 прегледи на пратки и земени се вкупно 885 примероци, а направени се вкупно 1.689 анализи.

– За испитување на максималното ниво на резидуи во плодови што најчесто се употребуваат во исхрана на луѓето од градинарски и овошни производи, како и трпезно грозје за свежа консумација, земени се 164 примероци и во 4 анализи имаше зголемено ниво на пестициди – стои во извештајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close