Фрезите на Maschio Gaspardo со забрзано темпо го освојуваат македонскиот пазар
Моделите W145 и W165 од Maschio Gaspardo најпродаваните фрези за припрема на почвата за правење на леи за расад за пипер и тутун.
Maschio Gaspardo е италијанска компанија со скоро 60 годишна традиција и постоење, лидер во производството на земјоделска механизација за обработување (орање), сеидба, заштита на растенијата.
Оваа групација произведува широк асортиман, почнувајќи од плугови, фрези, рото дрљачи, мулчери, сеалки, прскалици.
Производството на опремата се одвива во 8 производни капацитети низ Италија и 3 во странство, вклучувајќи ги Романија, Индија и Кина.
Компанијата „Синпекс“ ДОО од Битола е генерален увозник за машините на Maschio Gaspardo во Македонија.
Фрезите се поделени во неколку категории.
Најпродавани фрези, односно оние кои наоѓаат најголема примена се моделите W145 и W165 кои наоѓаат примена во припремата на почвата за правење на леи каде ќе се врши расадување на пиперот и тутунот. Во Македонија веќе се распространети низ Пелагонија, Демирхисарско, ги има и во источниот регион на Македонија. Исто така за овие фрези се заинтересирани се повеќе лозароовоштари од Тиквешкиот Регион.
Моделите А180 и А200 се разликуваат по тоа што се потешки, изработени од поцврст материјал и неопходен е трактор со околу 60HP.
Користењето на фрезата како една од машините во припремата на земјиштето пред сеидба не е непознат процес во нашето поднебје. Но, битно е да се нагласи дека се поголем замав зема користење на фрези и во обработка на почвата на која подоцна е планирано да се засади пченка или да се посее пченицата или јачменот.
Со користењето на фреза се врши дополнително растресување и ситнење на почвата, со што таа станува ровка. Во крајна инстанца тоа ќе доведе до совршена подготовка за финалната операција, а тоа е сеидбата. За таа цел, компанијата Maschio Gaspardo ги нуди неколкуте модели на ротофрези и тоа: модел C, модел U, модел Deflino/Delfino Super. Овие ротофрези имаат вертикални ножеви кои правејќи кружни движење навлегуваат во земјата и на тој начин ја обработуваат.
Комерцијалниот тим на „Синпекс“ ДОО Битола стои на располагање за сите потребни информации за која било од машините на брендот Maschio Gaspardo.
Наша цел, која е и впрочем и на самиот производител е кај земјоделецот да заврши оној модел на фреза, мулчер, сеалка или плуг, кој е најадекватен за него и со кој ќе може најефикасно да ги извршува секојдневните операции на нивите.
Бојан Ѓеровски за Зелена берза