fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата со помош за пчеларите-Сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции

Направивме измена со која досегашниот минимум за регистрирани презимени пчелни семејства од 35 се намалува на 10.

На вчерашната седница на Владата, донесена е одлука со која ќе им помогнеме на пчеларите, објавија од МЗШВ.
-На нивно барање, направивме измена со која досегашниот минимум за регистрирани презимени пчелни семејства од 35 се намалува на 10. Ова значи дека сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции.
Со ова, ќе го стимулираме пчеларството, како битна сточарска гранка, која ќе придонесе за поголем рурален развој. Истовремено ќе го зголемиме производството на мед и пчелни производи, а тоа на нашите простори има долга традиција, која ние со ваквите мерки ќе придонесеме да се развива уште повеќе.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close