fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Хоџа: За три дена може да се откупи вишокот тутун од 1.500 тони

Со добра организација, за три дена можат да се откупат вишоците тутун кои изнесуваат околу 1.500 тони, рече денеска министерот за земјоделство , шумарство и стопанство Арјанит Хоџа.

Со добра организација, за три дена можат да се откупат вишоците тутун кои изнесуваат околу 1.500 тони, рече денеска министерот за земјоделство , шумарство и стопанство Арјанит Хоџа.

Според министерот, измените на Законот веќе стапија во сила поради што откупот може да продолжи уште денеска.

Тој, како што информира, имал средба со откупувачите кои искажале подготвеност да ги преземат вишокот количини.

-Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи. Но ако тие не учествуваат во решавањето на проблемот, ние како држава имаме обврска и ќе го решиме проблемот, изјави Хоџа по работилницата за климатските промени во земјоделството.

Министерот денеска очекува од откупувачите да кажат колку од вишоците ќе може да преземат по што, истакна, ќе се знае дали ќе има дополнителни измени на Законот за тутун кои би овозможиле извоз од страна на производителите.

Од реколтата 2020/21 договорени количини имаше 23.000 тони, но досега, како што соопшти министерот, се откупени 23.300 што е околу 2 милиони килограми повеќе.

Во однос на 5 милиони евра поддршка кои се дел од петтиот пакет антикризни мерки, Хоџа напомена дека сè уште не е јасно прецизиран ставот како овие средства ќе се искористат. Тоа ќе биде договорено по целосното завршување на откупниот процес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close