fbpx
ВестиМакедонија

ССМ бара минималната плата да биде 60 отсто од просечната

Минималната нето плата сега изнесува 14.955 денари

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија  (ССМ) покажуваат дека согласно критериумите за усогласување на минималната плата во март годинава, таа би требало да се усогласи за 3,17 проценти. Но, од Синдикатот сметаат дека тоа не е доволно и бараат минималната плата да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и таа да не изнесува помалку од 16.976 денари. Дополнително, нагласуваат од ССМ, тоа би значело и спирално зголемување на останатите плати.

– Минималната нето плата сега изнесува 14.955 денари, зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и минималната плата од 14.934 денари се зголеми за 21 денар. Со ова усогласувањето во март 2021 година нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401), додека бруто минималната плата сега изнесува 21.776 денари. Со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне за 690 денари (22.466), велат од ССМ.

Оттаму додаваат дека просечната нето плата за декември 2020 изнесувала 28.294 денари, а минималната нето плата ќе изнесува 15.401 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 проценти од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.https://nezavisen.mk/ssm-bara-minimalnata-plata-da-bide-60-otsto-od-prosechnata/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close