fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа денеска доаѓа во Прилеп и Долнени, дали ќе продолжи откупот на вишокот на тутун??

Од прес службата на министерот за Зелена берза изјавија дека МЗШВ очекува во наредните денови да се постави динамика на отпочнување на работа за откупот. Решението кое се планира е за сите земјоделци кои имаат вишок на тутун. 

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа, денеска доаѓа во Прилеп и Доленени. Посетата е најавена за 11 часот.

Големи количини на тутун останаа неоткупени, а земјоделците се во неизвесност дали ќе им се откупи целиот произведен род.

Од прес службата на министерот Хоџа за Зелена берза изјавија дека МЗШВ очекува во наредните денови да се постави динамика на отпочнување на работа за откупот. Решението кое се планира е за сите земјоделци кои имаат вишок на тутун.

Министерот пред два дена соопшти дека тој, имал средба со откупувачите кои искажале подготвеност да ги преземат вишокот количини.

-Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи. Но ако тие не учествуваат во решавањето на проблемот, ние како држава имаме обврска и ќе го решиме проблемот, изјави Хоџа по работилницата за климатските промени во земјоделството, рече Хоџа.

 

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close