fbpx
Вести

Комисија на терен ќе ги проценува штетите од невремето во пелагониско

Претставници од Комисијата за проценување на штети од невреме неделава ќе излезат на терен за да направат процена на штетите кои што земјоделците ги пријавиле до општина Битола. На 22 август се случи невреме проследено со врнежи од дожд и град, кое што предизвика штети на земјоделските култури во околу 10-тина села во Пелагонија.

komisija na teren kje gi procenuva shtetite od nevremeto vo pelagonisko

 

Не се знае колкава финансиска помош земјоделците ќе земат за претрпената штета од невремето.

Секој земјоделец без разлика дали ги има осигурано посевите или не, може да си поднесе барање до општина Битола дека невремето му оштетило дел од земјоделските култури. По добиеното барање, комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди излегува на терен, каде врши процена на штетата, потоа подготвениот извештај го доставува за натамошна обработка во министерството за финансии .

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close