fbpx
Вести

Во кочанско слаб интерес на земјоделците за осигурување на посевите

Слаб е интересот на земјоделците од кочанскиот регион за добивање субвенции при осигурување на земјоделски култури, информираше Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

vo kochansko slab interes na zemjodelcite za osiguruvanje na posevite

 

– Само седум апликанти од кочанскиот производен регион, опфаќајки ги општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево, поднесоа документи кај нас за да ја искористат можноста што им ја нуди државата за добивање 60 отсто поддршка кога се во прашање финансиски средства кои треба да ги издвојат за осигурување на своите земјоделски култури, информира Димитров.

Минатата година, истакна тој, по овој основ до нашата подрачна единица беа поднесени 43 барања од страна на земјоделци од регионот, кои беа целосно одобрени.

Димитров информира и за големиот интерес на земјоделците од регионот на Кочанско за последната владина мерка за добивање субвенции по основ на предадени колични оризова арпа кај преработувачки капацитети од реколтата 2015 година.

До крајниот рок 31 август до нашата подрачна единица се поднесени 509 барања за добивање субвенција по основ предадена оризова арпа кај преработувачки капацитети, што е во рамките на очекувањата. Оваа владина мерка во многу ќе им помогне на оризопроизводителите за квалитетно оризопроизводство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close